Одговоривме на кршење на воздушниот простор

0
368

Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, изјави дека Турција  има право да одговори на прекршување на нејзиниот воздушен простор . Турција ќе стори “сé што е потребно” да се гарантира безбедноста на земјата.

– Турција е должна да преземе мерки против секој кој е закана на нејзините граници. Секој мора да знае дека нашето меѓународно право и национална должност е да ги преземеме сите неопходни мерки против сите оние кои го загрозуваат нашиот воздух и копнените граници – рече турскиот премиер.