Одговорност или Македонија ќе остане заглавена

0
415
Сега е најважно да се имплементира договорот од Пржино и да се отвори пат за изборите од страна на четирите политички партии. Кои чекори треба да бидат преземени? Доколку може да се одржат избори, тие не треба да бидат одложени. Тие може да ја одведат земјата напред со влада која е целосно легитимна и не е инфицирана од скандали.
Бејли особен акцент става на работата на СЈО, како и итноста од обезбедување на услови за функционирањето на обвинителството на Катица Јнаева, вели амбасадорот на САД во земјава Џес Бејли во интревју за „Утрински весник“.
И трето е прашањето на одговорноста што го вклучува Специјалното јавно обвинителство, бидејќи ако не се воспостави одговорност за прислушуваните разговори и за содржината откриена во нив, земјата ќе остане заглавена во кризата.
Амбасадорот на САД несака да ги коментира санкциите од ЕУ  во однос на кратењето на европските пари за земјава, но вели дека со фактот што Македонија е заглавена на патот кон  ЕУ и НАТО се санкции што граѓаните веќе ги чувстуваат.
Нуланд в понеделник се среќава со лидерите на партиите потписнички на пржинскиот договор и најверојатно со министерот за надворешни работи.

Бејли истакнува дека како и во Македонија, така и во САД Владата купува рекламен простор во комерцијалните медиуми, но дека за тоа треба да постои фер и транспарентен систем.

„Прашањето на владиното рекламирање беше отворено со извештајот на Рајнхард Прибе и треба да се реши. Да бидам искрен, и нашата влада, исто така, купува комерцијален рекламен простор во медиумите и има, исто така, барања за радиодифузерите околу објавите во јавните сервиси. Така што овие две работи не мора да значат дека медиумите се корумпирани. Она што е важно и што го дискутиравме во преговорите е да постои фер и транспарентен систем и да се користат умно јавните ресурси. Тоа се критериумите што треба да ги оценуваат луѓето. Ако распределбата на рекламите е направена на транспарентен и кредибилен начин, тоа нужно не мора да значи воспоставување контрола врз медиумите“, вели амбасадорот Бејли.