Одлична обработка на песната Ако одам во Битола

0
2395

“Ако одам во Битола” е вториот кавер на Тамара Стојковска, со нов аранжман и пијано изведба на Давор Неќак, а во придружба на оркестарот на музичкото училиште и тоа –
Ангела Димковска, Кристина Љушкоска, Виктор Зекановиќ, Дарко Савески, Марио Робе, Ивана Ристеска, Бајрам Рамаданоски, Леонид Неде Гогов, Мартина Зекановиќ, Елена Тефова, Филип Нечковски, Даниела Радевска, Андреј Јовановиќ и под диригентска палка на Магдалена Кочоска .

Тамара Стојковска е млад и талентиран музичар, студент на ФМУ.во Скопје.

Песната е снимена во студио Ферзенк, а видео записот е сниман во Народниот театар Битола со Дрим  каст продукција.

Тамара ја препознаваме и по каверот на песната Кога те нема од Хелена Благне во 2015 тата година.

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY