Одлични критики од театарски критичари за изведбата на Отело во Нови Сад

0
172

Ансамблот на Народниот театар од Битола – настапи на вториот „Шекспиров фестивал”, кој се одржa во Нови Сад.На фестивалот ја изведоа претставата „Отело” во режија на Диего де Бреа.Фестивалот го отвори театарот од Белорусија со претставата „Кралот Лир”, а театарската програма на фестивалот ја затвори токму битолскиот театар на 28 јуни.Театарската критичарка Драгана Бошковиќ, за изведбата на Отело пишува-Народниот театар од Битола, на второто издание на Шекспир фестивалот ja покажа доста впечатливата претстава Отело, повеќе пати виден текст но никогаш во ваква тн. хаику форма. .Режисерот Диего де Бреа скрати се што сметаше дека не е потребно за да се раскаже ужасната јагова завера чии жртви се Отело и Дездемона.

Најдобра поддршка на претставата е сценографијата,потоа темните костими на Благој Мицевски, кои од актерите прават сенки, кои како во театарот на кукли се движат по диктат на своите ниски страсти.
Различна е само Офелија која има црвен костим а на крај својата смрт ја дочекува во бело.Музиката исто така е интегралниот дел на одличната игра, додава Бошковиќ.
Во претставата играат- Борче Ѓаковски, Катерина Аневска, Марјан Ѓоргиевски, Иван Јерчиќ, Никола Пројчевски, Валентина Грамосли, Петар Горко и Илина Чоревска.
Режисерот и директор на фестивалот, Никита Миливоевиќ, годинава освен театарот од Битола, покани и театри од Иран, Белорусија, Велика Британија и домаќинот. На овој меѓународен настан, освен театарски претстави имаше работилница и проекција на филмови од Орсон Велс работени според делата на Вилијам Шекспир.
Како што е познато, станува збор за драма што Шекспир ја напишал во 1604 година.
Тоа е претстава што, освен врвна актерска игра, изобилува и со светлосни ефекти и со музика што не ја остава рамнодушна публиката, впрочем така беше на „Охридско лето”, „Битолски Шекспиров фестивал” и на други театарски сцени.
Неда Маретиќ