Одложен „Пуч“ по барање на СЈО

0
366

По барање на Специјалното јавно обвинителство одложено е судењето за случајот „Пуч“.

Од СЈО сметаат дека не се исполнети условите за одржување на судскиот процес бидејќи не е повикан главниот сведок, кој истовремено е оштетен во случајот „Пуч“.

Исто така од Специјалното јавно обвинителство се жалат и на тоа дека Судот не им овозможил да ги добијат доказите, со што обвинителката Катица Јанева не е во можност да ги подготви воведните говори.

Од Судот одговорија дека кој ќе биде повикан на главниот претрес одлучува Судечкиот совет, а во врска со доказите на СЈО им било овозможено увид во просториите на самиот суд.

Осомничениот во случајот „Пуч“, лидерот на опозициската партија СДСМ, Зоран Заев изјави дека сведокот е Никола Груевски, кој избегнува да се појави пред судот, а судот ги штити интересите на владејачката партија .

Судењето за случајот „Пуч“ e одложено за 3 мај.

Без коментари

LEAVE A REPLY