Одложен законот за забрана за објавување на „ бомбите„

0
198

До 20 октомври ќе бидат одложено разгледувањето на предлог- законот за забрана за објавување на „бомбите“ . Ваков договор, според амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав , бил договорен меѓу партиите. И покрај ова, меѓу партиите владее разногласие по ова прашање. Од СДСМ велат дека меѓународните посредници бараат прво да се повлече предлог законот за забрана на објавување на опозициските „бомби“, за да може да продолжат разговорите за реформи во изборниот пакет. Според Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, постигнат е договор предлог законот да се врати на доработка. „Ќе се интервенира во неговата содржина преку амандманската расправа, а ќе биде разгледуван и од работните групи паралелно со изборниот законик“, рече Милошоски.

Попладнево се огласи и амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија. Оттаму соопштија дека партиите се договориле предлог-законот за забрана за објавување на „бомбите“ да се отвори во работни групи, и да се разгледа „такво можно законско решение во пакет со законско решение за заштита на таканаречените свиркачи“ и сето тоа заклучно до 20 октомври.

„Овие закони отвoраат сериозни прашања во врска со слободата на изразувањето, правото на граѓаните на приватност и доброто владеење, кои што треба да бидат адресирани во согласност со меѓународните обврски на Македонија”, се наведува од амбасадата на САД.

Без коментари

LEAVE A REPLY