Одложена расправата за случајот ,,Јустиција“

0
633

Расправата закажана за денеска во Основниот суд Битола за предметот „Јустиција” не се одржа. Истата е одложена откакако одбраната изнесе забелешки дека не се обезбеди неколку препоставки да почне судењето. Забелешките се однесуваат на надлежноста на судот, како и симнување на имунитетот на судиите за да може да се води кривична постапка.

По забелешките на одбраната од Основниот суд велат дека дополнително ќе се изјаснат.

Инаку, во акцијата „Јустиција” спроведена во октомври 2014 година беа опфатени дваесет и пет лица од Одделот за прекршоци при Основниот суд Скопје 1 под сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата. Јавно обвинителство – Скопје, во меѓувреме, склучи седум спогодби со судии и судски службеници кои ја признаа вината и тие беа осудени на условна казна. Против петмина, кривичната постапка беше запрена бидејќи се утврдило дека нема кривично дело. Меѓу обвинетите има и пензионирани судии. Останатите, кои се во работен однос, беа суспендирани од работаа, постапката продолжи за тринаесет лица.

Се проценува дека со неизвршување на службената должност обвинетите му нанеле штета на Буџетот од 1.308.515 евра за ненаплатена, а пресудена глоба, како и 3.773.500 денари за ненаплатен, а претходно пресуден паушал.