Одложена седницата за избор на седумтемина неизбрани обвинители

0
951

Аневски, иако вчера најави можност дека утрово, на веќе закажаната седница по други точки, може да се вметне и точката за избор на преостанатите обвинители, сепак, ја одложил седницата. Истовремено, Аневски закажал седница за разгледување на дописот на Јанева за утре во 10 часот.
Освен дописот од Јанева со кој се бара доизгласување на останатите предложени од нејзиниот тим, во Советот, како што кажа и Аневски, е и писмото со потписи од лидерите на четирите најголеми политички партии.