Одложена визната либерализација за Косово, Турција, Украина и Грузија

0
249

Државите членки на ЕУ, ја одложија визната либерализација за Косово, Турција, Украина и Грузија. Укинувањето на визите за Косово е забавено, и покрај препораката на Европската комисија за либерализација на визниот режим со овие четири земји.

Европскиот парламент и Советот на министри на ЕУ нема да донесат одлука за визна либерализација за Косово пред есенва. Истиот термин ќе се однесува и на Турција која, според Брисел, напредува во исполнувањето на 72 критериума за укинување на визите.

Холандија, која во моментов претседава со Унијата, ги закажа техничките средби за Украина дури по завршувањето на состанокот на министрите за внатрешни работи во Луксембург, на 9-ти и на 10-ти јуни.

Европскиот парламент, седницата ќе ја одржи од 4-ти до 7-ми јули, а ќе продолжи да работи дури кон средината на септември.