Одложено рочиштето за „Поткуп“

0
334

Судењето против премиерот Зоран Заев за случајот „Поткуп“ е одложено за 25 декември.

Рочиштето не се одржа бидејќи предметот е во жалбена постапка пред Апелациониот суд Скопје, каде што на јавна седница, закажана на 27 ноември, ќе се одлучува дали ПИ мерките се доказ во случајот. Одбраната ќе образложи зошто бара снимката од кабинетот на Заев додека беше градоначалник, а која се појави на Јутјуб да не биде доказ во постапката.

Во овој случај Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од струмички бизнисмен, во вредност од 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица.