Одложено судењето на Савески и Куновски од Левица

0
902

Повторно е одложено судењето на членовите на партијата Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, коишто се обвинети за демолирање на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов на протестите по неговата одлука за помилување на 56 лица. Судот денеска го одложи рочиштето за 10 јуни.

Кривичниот суд на 27 мај одреди уште 30 дена домашен притвор за Савески и Куновски и ова ќе им биде втор месец во куќен притвор.

Судскиот процес против членовите на Левица претходно се одложуваше два пати.

Пред неколку дена Апелациониот суд ја одби жалбата на Обвинителство, кое бараше тие да бидат префрлени во притворско одделение во затвор, додека тече судскиот процес.

Со транспарент „Слобода за Здравко и Владимир“ на протестниот собир пред Основниот суд во Битола излезе и мајката на притворениот Здравко Савески од Левица.

Протестен собир за ослободување на Здравко Савески и Владимир Куновски од Левица беше организиран пред Основниот суд во Битола во исто време кога беше закажано и нивното судење во скопскиот суд.