Одложено судењето на Савески и Куновски за учеството во протестите

0
325

Повторно е одложен судскиот процес против членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски за кривично дело – учество во толпа, во врска со граѓанските протести и демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот на 13 април. Причината е што обвинителството се уште не ја утврдило штетата,а судот одбива да се спојат предметите за овие инциденти.

Савески и Куновски остануваат  во куќен притвор, а се товарат за учество во толпа што ќе стори кривично дело. За ова дело освен Савески и Куновски, обвинети се и Никола Аризанов и Филип Наковски.

Аризанов и Наковски, како што истакна нивниот бранител, се подготвени да ја признаат вината, но само откако Обвинителството ќе ја прецизира штетата одделно за нив. Процесот во кој тие се обвинети беше презакажан за 12 мај, четврток.