Одложено судењето за „шамарите во Центар“

0
631

Поради немање на услови, односно отсуство на еден од обвинетите, денешното судење за „шамари во Центар“ е одложено.

На судењето не беа присутни двајца од обвинетите, но поради неоправдано отсуство на обвинетиот Димче Крстев, обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи побара на следното рочиште тој да биде стражарно приведен.

Во судот беше присутен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е првообвинет, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиеаки, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и останатите обвинети.

Судијката Татјана Михајлова околу половина час ги легитимираше присутните обвинети и нивната одбрана како и сведоците и оштетени, градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски и останати вработени од општината.

Без коментари