Одложено судењето за случајот „Поткуп“

0
231

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска не присуствуваше на главната расправа за предметот „Поткуп“ во кој се јавува како обвинет.

Како што информираше судијката Дијана Груевска-Илиевска, на 12 септември примиле известување од бранителот на Заев дека Заев ќе отсуствува бидејќи е на службено патување во Тирана, каде што учествува на состанокот за мониторинг на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

На рочиштето не присуствуваше ниту бранителот на Заев, Филип Медарски, и сведокот Иван Николов.

Следното рочиште е закажано за 22 ноември.

Заев, според Обвинителството, во својство на службено лице градоначалник на Општина Струмица, од струмичкиот бизнисмен Иван Николов побарал поткуп од 163 924 евра, односно по 2 евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица, за кое Николов бил заинтересиран да го приватизира. Според обвинението, половина од парите биле наменети за Заев, а другата за изградба на црква во Струмица.