Одложено судењето за Транспортер

0
771

„Ако сме грешеле ние, грешеле сите општини во Македонија. Едноставно законската обврска што ни е дадена ја извршивме максимално чесно и законски, што значи обезбедивме слободен превоз на ученици под условите кои дојдоа со почитување на законите во Република во Македонија…Што се однесува до Токио, може да проверите. Изминативе години Битола има поевтин превоз и од Струмица и од Куманово.“ – изјави Владимир Талески градоначалникот на Битола кој р првообвинет во случајот Транспортер.

Ова го изјави по денешното одложување на првото рочиште.  Од Кривичниот суд соопштија дека денешната глава расправа за предметот со КОК бр. 20/17 од СЈО означен како „Транспортер“, која е прва глава расправа по истиот предмет, беше одложена заради неприсуство на обвинетата Јасмина Никиќ Десановска, за која одбраната наведе дека заради објективни причини односно, сообраќајна незгода, била спречена навреме да пристигне од Битола во Скопје. Судечкиот совет, главната расправа ја одложи за 6 ноември 2017 год. во 11.00 часот за кога ќе испрати и опомена за стражарно приведување за обвинетата која не беше присустна на денешната расправа, стои во соопштението на Кривичниот суд.

Без коментари