Одлучни сме да избереме претседател на Собранието

0
330

– Ова го направивме со цел да може да се одблокира Собранието, да се избере претседател и парламентот кончено да биде целосно функционален, рече Оливер Спасовски од СДСМ.

Тој кажа дека Вељаноски уште еднаш покажува како се крши деловникот и се узурпира Собранието.

– Ова го правиме за граѓаните. Сметам дека треба да преовладува здравиот разум и да се однесуваат одговорно. Ќе продолжиме да бараме собраниски спикер врз основа на Деловникот, рече Спасовски.

Тој кажа дека е неблагодарно оние кои ја срушија Македонија и ја поделија по сите основи да го зборуваат спротивното.

– Нервоза покажуваат ВМРО-ДПМНЕ. Подобар сценарист од Трајко Вељаноски нема, тоа го докажа и Судот во Стразбур. Одлучни сме да избереме претседател на Собранието, рече Спасовски.

Според него бизарно е Илија Димовски пет дена да се бори да стане претседател на Комисијата за избори и именување, а сега девет дена да се бори да не стане тоа.