Одлука за одложување со датум, СДСМ нема да гласа

0
430

Иницијатива за одложување на датумот за распуштање на Собранието, влезе во собрансика процедура. Седницата ќе биде околу 23 часот.

Според дипломатски извори, за иницијативата ќе гласаат ВМРО ДПМНЕ, ДУИ И ДПА, СДСМ нема да гласа за иницијативата, бидејќи верчерва не се постигна договор за медиумите. Според истите извори опозиционерите нема да гласаат ниту за измена на изборниот законик, доколку во него биде фиксиран датумот  5 јуни.

Опизционерите  пред меѓународните претставници инсистирале на медиумски реформи, во претстојниот период, во спротивно најавиле неучество на избори.

Се очекува опозициските министри и дополнителни заменици да ги повлечат оставките, во спротивно може да се случи, пред одложувањето на изборите да се констатираат нивните оставки.
Неофицијално се очекува и обраќање на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.