Одобрено обвинението за „Дива населба“, ќе им се суди на обвинетите за тероризам

0
411

Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, кој постапуваше по оценка на обвинителен акт за случајот „Дива населба“, го одобри обвинението против 29 лица, а приговорите на обвинетите ги одби како неосновани.

„Советот смета дека наводите во приговорите претставуваат одбрана на обвинетите, заради што цени дека е потребно да се одржи главна расправа на која во непосредна, контрадикторна постапка истите ќе имаат можност да ја изложат својата одбрана, па по проверка на сите релевантни докази судот да ја утврди фактичката состојба по кривично – правните настани наведени во овој кривичен предмет“, се вели во соопштението од Основниот суд Скопје 1.

Обвинението ќе биде распоредено на надлежен судечки совет за постапување и ќе биде закажан термин за почетокот на судскиот процес против лица кои се обвинети за „тероризам“.

На расправата за оценка на обвинителниот акт, којашто беше јавна, сите 29 обвинети се изјаснија дека не се виновни и дека не се терористи.

На 9 и 10 мај во Куманово дојде до судир меѓу македонската полиција и вооружена група, а во борбите коишто траеја два дена загинаа осум припадници на полицијата и десет припадници на вооружената група.

Адвокатите на обвинетите поднесоа барање до Специјалното обвинителство овој случај да го истражува тимот на Катица Јанева. Специјалното јавно обвинителство треба дополнително да се изјасни за овој случај./крај/мф/ффс

Без коментари

LEAVE A REPLY