Одоговорност од институциите за управување со кризи

0
329

Cтекнатото знаење и искуството изминативе 12 месеци беа ставени на тест, но Армијата го положи беспрекорно. Истовремено ја чува јужната граница од напливот на мигрантите и им помага на граѓаните зафатени од поплавите, за што веднаш беа ангажирани 2.600 нејзини припадници со 200 возила.

АРМ останува гарант на мирот и безбедноста и кога е потребно ќе се ангажира при елементарни непогоди, но мора да се води сметка за нејзиниот буџет, рече претседателот и врховен командант Иванов, но тоа не можеда биде трајно решение,смета шефот на државата.

„Употребата на Армијата за справување со елементарните непогоди треба да биде исклучок, а не правило. Но, по сѐ исзгледа се дозволи исклучокот да стане правило. Затоа, денес сакам да упатам повик до надлежните институции од системот за управување со кризи и од системот за заштита и справување, да постапуваат согласно своите надлежности. Не може да се дозволи целиот товар во справувањето со елементарните непогоди да паѓа врз Армијата и полицијата, кога во исто време имаат распоредени сили за заштита на државната граница. Неодговорно е да се трошат ресурсите на Армијата за да се штедат сопствените ресурси“, порача претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Македонија покажа дека има храброст да се соочи со заканите. Додека НАТО и ЕУ тешко се справуваа со мигрантската криза и со обезбедувањето на границите, ние се справивме со заканата, додаде македонскиот претседател. Армијата и полицијата го чуваат балканскиот коридор, а со тоа и Европа.

Сепак, во сложени геополитички услови, како што рече Иванов, сведоци сме на неодговорно блокирање на членството на Македонија во НАТО. Изградивме модерна и професионална армија, почитувана од граѓаните, потенцира министерот за одбрана Јолевски. Се вложува во опремувањето,образованието и во животниот стандард на нејзините припадници.

„Се гордееме со вашите постигнувања. Вие ја имате целосната поддршка на државното раководство и на граѓаните на Република Македонија за успешно извршување на вашите мисии. Убеден сум дека довербата во вас ќе биде мотив повеќе да продолжите да ги извршувате поставените задачи, доселдено и професионално, како што им доликува на припадниците на Армијата на Република Македонија“, рече министрот за одбрана, Зоран Јолевски.

Претседателот и врховен командант со орден за воени заслуги ги одликува инженерискиот баталјон и воената полиција за ангажманот во чувањето на безбедноста на државата и сугурноста на граѓаните.

Вицепремиерот Тодоров, министерот за труд и социјала Спасов, генералниот секретар на Црвениот крст Саити и неколку странски воени аташеа од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Величковски добија златни значки за партнерство и соработка.