Одри Азуле е нов генерален директор на УНЕСКО

0
161
Portrait d'Audrey Azoulay

Извршниот совет на УНЕСКО ја избра вечерва француската кандидатка Одри Азуле за иден генерален директор на организацијата на ОН за култура и образование, на местото на Ирина Бокова.

Изборот на Азуле го објави на Твитер претседателот на извршниот одбор на организацијата, Мајкл Ворбс.

Азуле, која е поранешен француски министер за култура, освои 30 гласа, наспроти нејзиниот против кандидат Катар Хамад бин Абдулазиз ал Кавари, кој ја доби поддршката од 27 членови на советот.