Одржано државно триатлон првенство во Отешево

0
1453
Во Отешево на плажата пред  хотелот Лејк Вју се одржа Националното Првенство во Триатлон – Преспа 2017 година.Организатор на настанот беше Триатлон Федерацијата на Македонија ,а подржано од Општина Ресен , Агенцијата за Млади и Спорт и Македонскиот Олимписки Комитет.
Преку шеесет учесници од повеќе спортски клубови во државава  се натпреваруваа во пливање,велосипедизам и трчање во мастер,сениорска и  кадетска категорија .
Најдобар во мастерс категоријата беше Стојан Поповски од Скопје. Инаку трката се бодува за Шампионатот на македонија во Триатлон.
„Овој настан кој се организира во Отешево е продолжение на нашите заложби да Преспа во својата туристичка понуда ги вклучи и спортските манифестација како дел од  активностите за зголемување на туристичката конкурентност . Триатлонот- Преспа 2017 , е надоврзување на минатонедалната велосипедска тура Тур де Галичица, а во текот на летото во Преспа ќе се одржат и државниот натпревар во далечинско пливање и трката Прв до Врв , со што имаме интенција Преспа да ја дефинираме на мапата на спортскоавантуристички настани во нашта земја.Општина Ресен ќе продолжи да ги поддржува овој тип на настани  и се надева дека истите ќе пррераснат во традиција.- истакна Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски.