Офицерски нема да оди на продажба

0
1382

Ги следевме реакциите во врска со одлуката да се продаде Офицерскиот дом во Битола и видовме дека голем број граѓани не се согласуваат со оваа одлука. Затоа ја повлекуваме одлуката за продажба на Офицерскиот дом.“– изјави  претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Деновиве информиравме дека Офицерскиот дом во Битола е ставен на продажба, што кај многумина битолчани тоа предизвика реакции и тие сметаат дека овој споменик на културата треба да остане во државна сопственост.

„ Државните институции, предводени од ВМРО-ДПМНЕ за овој објект тргнаа со една идеја, за која гледаме дека мнозинство од граѓаните на Битола не ја поддржуваат. Го следевме тој процес и имавме меѓусебна комуникација. Размисливме и одлучивме од понеделник да се стопира тој процес, сигурно има некоја работа која нам не ни е до крај јасна, штом толку граѓани на Битола реагираат и ние треба да го почитуваме тоа“ посочи Груевски.

Целта за продажба на Офицерскиот дом беше истиот да се заштити и да биде функционален, меѓутоа поради емоционалната приврзаност на граѓаните на Битола со овој објект, донесена е одлука истиот да не се продава, а во иднина ќе се прават напори преку државните институции и донатори состојбата на овој објект да се подобри.