Оглас за 10.000 хектари државно земјиште

0
183

Наскоро треба да биде објавен оглас за доделување околу 10 илјади хектари државно земјоделско земјиште.

Половина од тие 10.000 хектари ќе биде наменето за лица кои сакаат да земат земјиште до три хектари и половина за лица, односно компании кои сакаат да земат повеќе од три хектари. Земјиштето кое е наменето за оние кои ќе земат над три хектари е во струшкиот, ресенскиот и светиниколскиот регион, а оние кои ќе го добијат ќе треба да направат и одредени инвестиции.
Премиерот очекува дека процедурата за ова земјиште ќе заврши во наредните недели и 5.000 хектари ќе бидат наменети за оние кои ќе земат земјиште помалку од 3 хектари и 5.000 хектари за оние над 3 хектари.