Оглас за партнерска организација од локалната средина

0
236

Здружението Форум – Центар за стратешки истражувања и документација од Скопје, во рамки на проектот „Активни граѓани за добро владеење“, кој се спроведува во рамките на проектот на УСАИД за Граѓанско учество, објавува оглас за локални невладини организации и здруженија на граѓани одседум плански региони во Република Македонија (Вардарски, Источен, Североисточен, Полошки, Пелагониски, Југозападен и Југоисточен), при што ќебиде избрана по една организација во секој регионкоја ќе биде вклучена како локален партнер на Форум ЦСИД во спроведување на активностите планирани во рамки на проектот во соодветниот регион.

Целта на проектот е да се зголеми вклученоста на граѓанското општество и граѓаните во донесувањето на одлуки на локално ниво.

Организациите – партнери, ќе имаат задача да се вклучат во планирање и спроведување на сите активности кои се предвидени со проектот (организација на работилници, фокус групи,обуки,како и да вршат мониторинг на политиките на локалните власти и администрација).

Ангажманот на секоја селектирана организација ќе биде во времетраење од 4 месеци. Трошоците за имплеметираните активности во целост ќе бидат покриени директно од буџетот на Форум ЦСИД. Форум ЦСИД ќе потпише договор со лицето кое ќе биде одговорно за имплементација на проектните активности од страна на партнерската организација во таргетираниот регион.

Организациите- апликанти треба да имаат најмалку едногодишно искуство во работа со локалната самоуправа и да имаат реализирано барем една активност или проект во кој оствариле соработка или мониторирање на некоја локална самоуправа во Република Македонија.

Апликациите треба да се испратат на адресата на Форум ЦСИД, бул. Партизански одреди, бр. 6/мезанин, 1000 Скопје.

Образецот за пополнување на апликацијата може да се најде и на веб страната на Форум ЦСИД (www.forum-csrd.org.mk).

Апликациите може да се испратат и нанашата електронска адреса: forumcsrd@forum-csrd.org.mk.

Последен рок за аплицирање на овој повик е 31 август 2017.

Избраните организации ќе бидат контактирани најдоцна 10 дена по истекување на рокот за аплицирање. Резултатите исто така ќе бидат објавени на веб страната на Форум ЦСИД.

Без коментари