Ограбен пензионер

0
603

На 30.11.2016 година околу 00.10 часот во Битола во комплексот „Пелагонка 2“, Д.П. (69) од Битола физички бил нападнат од непознат сторител, кој  го удирал со рацете во пределот на главата и телото. После тоа му извршил пребарување по џебовите, му одзел 500 денари и му се заканил дека ако го пријави случајот во полиција ќе го убие. СВР Битола презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.