Охрид победник на турнирот, Пелистер втор, а Дрогришки нај-стрелец

0
724

Охрид е победник на првиот меморијален ракометен турнир „Миле Нешкоски„ во Прилеп. Охриѓани имаа три победи на три меча, а Пелистер е второпласиран и покрај поразот од Прилеп во третото коло. За најдобар играч на турнирот е прогласен Јосип Кежиќ од Охрид, најдобар голман е Милош Раичиќ од Прилеп, додека капитенот на Пелистер, Стефан Дрогришки е прв стрелец со дури 33 гола на три меча.

3 – коло

Охрид – Радовиш 26:23 (14:13)
Прилеп – Пелистер 21:17 (10:10)

Конечен пласман

1. Охрид 9 (78-60)
2. Пелистер 3 (62-62)
3. Прилеп 3 (74-76)
4. Радовиш 3 (71-77)