Охриѓанец нападнал со нож Американец

0
564

Охриѓанец нападнал со нож Американец, откако странецот се обидел да и помогне на девојката што ја малтретирал напаѓачот.
Настанот се случил во сабота рано наутро на бул.„Македонски Просветители“, спроти казиното, А. Д. (1992) од Охрид, со нож му нанел телесна повреда на Ј. М. (1991) од САД. кој се обидел да помогне на девојка која А.Д. физички ја нападнал, по што истиот извадил нож и го повредил Ј.М.

А.Д. е пронајден и приведен во СВР-Охрид за понатамошна постапка. /крај/со/ст