Околу 1.000 лица годишно пријавуваат насилство, од нив 94 проценти се жени

0
366

По околу 1.000 лица годишно, од кои најголемиот број се жени во изминатите три години се јавиле на СОС Линијата 15­315 да пријават семејно насилство. Според податоците на кризниот центар “Надеж” во чии рамки функционира оваа линија, 94 проценти од жртвите се жени, а само 4 посто се мажи.

Во текот на минатата година 51 процент од нив пријавиле психичко насилство, 22 физичко, 23 економско и 24 проценти сексуално насилство.

Најголемиот процент од жртвите кои пријавиле насилство, односно 56 проценти биле во брак. Пријавителите  во најголем број се на возраст од 40 до 50 години, односно 25 проценти, на возраст од 29 до 39 години се 22 проценти, а останатите се на возраст од 29 години и лица помеѓу 50 и 60 години. Жртвите кои пријавуваат насилство може да добијат психосоцијална помош, охрабрување и за советување, а се водат и едукативни сесии со жртвите кои имаат за цел поддршка и јакнење на жената  и придонесување во одлуките за иднината. Најголем број од жртвите насилството го пријавиле сами.