Околу 1000 мигранти илегално влегоа во Македонија

0
873

Најмалку 1000 мигранти попладнето влегоа во селото Моин кај Гевгелија. По патот ги придружуваа грчки полициски службеници и странски репортерски екипи.

Македонската војска ги ограничи на периферијата од селото, а полицијата  приведе и дел од репортерите кои нелегално влегоа на македонска територија.

Бројното обезбедување но и огромната бројка мигранти го вознемирија локалното население пред чии очи се одвива целиот настан.

Во моментов не се знае колку луге се упатени кон Моин, но според странските репортери колоната завршува дури во Идомени.