Околу 20.000 лица со Алцхајмерова болест во Македонија

0
148

Околу 20 илјади лица во Македонија имаат Алцхајмерова болест, а само десет проценти се покриени со терапија, покажуваат проценките на македонските здравствени власти врз основа на светската статистика и старосната структура на населението по повод Светскиот ден на Алцхајмеровата болест – што се одбележува под мотото се „Сети се на мене“.

Главни симптови на Алцхајмеровата болест е заборавање на скорешни настани, дезориентација во простор и време, проблеми во комункација, промена во расположение и промена во дневната рутина.

Според статистичките податоци во Македонија има на 400.000 лица со над 65 години од кои се проценува дека околу 20 илјади имаат Алцхајмерова болест, а се третираат само 2.000 до 3.000 од нив. Тоа, според ресорниот министер е многу мала бројка. Во државите во соседството како Србија, Хрватска се третираат 40 до 50 проценти. И ние треба да ја постигнеме таа цел, потенцира Таравари, посочувајќи дека Алцхајмеровата болест е околу 70 проценти од вкупниот број деменции.
Во Македонија, како што велат, нема специјални установи кај би се задржале пациентите, кои откако ќе ја добијат терапијата се враќаат дома.

Податоците на надлежните институции покажуваат дека во светот на секои три секунди има еден нов заболен од Алцхајмер и оти бројот на заболени се удвојува на секои 20 години. Смртноста од оваа болест е поголема од предизвиканата од карцином на дојка и простата заедно. Податоците покажуваат и дека 40 проценти од негувателите на лица со Алцхајмерова болест страдаат од депресија.

Без коментари