Околу 200 државјани на Косово се борат на страната на Исламска држава

0
340

Околу 200 државјани на Косово се борат на страната на Исламска држава. Сепак, официјална Приштина се обидува да се спротивстави на натамошната регрутација, изјави во Вашингтон претседателката Јахјага. Проблем за Косово е и високиот степен на корупција.

На забелешка во Вашингтон дека Албанија и Косово се двете најкорумпирани држави во Европа, косовската претседателка посочи дека борбата против корупцијата на Косово е отежната бидејќи не се членки на меѓународни полициски организации.