Околу 3.500 емигранти влегле во Македонија во изминатото деноноќие

0
324

Со пет специјални возови околу 3.000 емигранти во текот на изминатово деноноќие биле превезени по железнички пат од платформата кај прифатниот камп во Гевгелија до кампот во Табановце.

Утрово на платформата кај кампот на утовар чекаше првиот воз за денеска, а на железничката станица во Гевгелија на повик за превоз на емигранти подготвено чекаат уште два воза, информираа од железничката станица.

Според проценката на УНХЦР, во текот на вчерашниот ден од Гевгелија кон Табановце заминале околу 3.500 емигранти, од кои поголемиот дел биле превезувани со воз, а помал дел со автобуси и такси возила.