Околу 4600 забоени од карцином умираат годишно

0
626

Во Македонија од рак се разболуваат над 7.000 луѓе годишно, додека умираат и до 4.600 заболени од карцином. Во последните 12 години стапката на смртност од малигни заболувања е зголемена за 9 отсто, односно за пет години бројот на смртни случаи е двојно поголем, така што во 2008 година од рак починале 2.788 луѓе, а во 2012 година таа бројка се искачила на 4.625 пациенти. Според оваа стапка на смртност, Македонија е на второ место во Југоисточна Европа и на трето во Европа.

Кај мажите најчесто се јавува карцином на белите дробови, простатата и на дебелото црево, додека кај жените ракот најмногу ги напаѓа дојката, матката и дебелото црево. Овие заболувања најчесто се јавуваат во средната и подоцнежната возраст, иако се’ повеќе се симнува возрасната граница. Најмалиот пациент кој годинава бил лекуван на Онкологија има само три години.

Подобрување на превенцијата, пристап до рана дијагностика и зголемување на стапката на преживување од рак се само дел од очекувањата на Декларацијата што ја доне Алијансата на пациентски организации. Македонија е на трето место во Европа по стапката на смртност од малигни заболувања.