Околу 50 држави најавуваат прифаќање 360.000 бегалци во следната година

0
196

Околу 50 држави се ангажирале да прифатат 360.000 бегалци во следната година, изјави синоќа американскиот претседател Барак Обама.

Обама беше домаќин на средба во рамки на ГС на ОН на која учесниците презедоа обврски да ги зголемат средствата за хуманитарна помош и да обезбедат полесен пристап до образование и работа на бегалците, јави ДПА.

Учесниците најавија зголемување на парите за хуманитарна помош со 4,5 милијарди долари наспроти средствата ветени на минатогодишната средба.