Започнува детскиот фестивал на фолклорот

0
360

Од 7- ми до 11- ти септември, во Битола ќе се одржува вториот по ред меѓународен детски фолклорен фестивал Сонценца.

Оваа манифестација е во организација на сојузот на фолклорните ансамбли на република Македонија, а тука се и КУД. Илинден и фолклорниот ансамбл Плетенка, а по повод Денот на независноста на Македонија.

Се работи за две фолклорни манифестации меѓу кои детскиот фолкорен фест Сонценца и фолклорните смотри за западна Македонија.

Вкупно околу 500 деца се оваа година дел од фестивалот, а името на истиот е поврзано со македонската традиција и култура.

Овој фестивал се планира да прерасне во традиција, а потпретседателот на КУД. Илинден, Драги Филевски ја презентираше програмата.

Битола е центар за фолклорот пред се заради долгогодишната фолклорна традиција, фестивалот на народни песни и игри Илинденски денови, но и многу личности кои потекнуваат од Битола а го шират фолклорот насекаде низ светот.

На второто издание ќе се претстават учесници од Србија, Полска и Македонија и тоа здружение на граѓанско фолклорно друштво Ера од Ужице, Србија, хрватскиот култрен центар Буњевачко коло од Суботица- Србија, кои се како дел од фестивалот благодарение на одличната повеќе годишна соработка со хрватскиот културен центар Марко Марулиќ од Битола, друштвото Абрашевиќ, Крагујевац Србија, као и два ансамбли од Полска.

Фестивалот се планира да прерасне во традицонален и ќе се одржува секоја година во чест на 8 ми септември.