Околу 70.000 денари украдени од ЈП Водовод

0
1184

Околу 70.000 денари утрово биле украдени од ЈП Водовод во Битола. Од битолската полиција велат дека утрово вработени од претријатието ја пријавиле кражбата.  Сефот од кој биле земени парите, вработените го нашле во ходникот, а се претпоставува дека станува збор за дневен промет.  Детали за кражбата од полицијата не откриваат и велат дека работат на расчистување на случајот.