Околу 70 товарни возила чекаат влез во Грција поради лошите временски услови

0
396

Од два часот ноќеска забранет е влез на тешки товарни возила во Грција поради лошите временски услови и состојбата на патиштата, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Во меѓупросторот за влез во јужниот сосед чекаат околу 70 товарни возила. Утринава раководителите на смена на полициската станица за граничниот премин Богородица и неговиот колега од граничниот премин Евзони, оствариле контакт во врска со застојот.