Околу 800 милиони долари на ИСИС уништени во воздушни напади

0
377

Приближно 800 милиони долари на т.н. Исламска држава (IS) се уништени во воздушните напади, изјави претставник на војската на САД.

Генерал-мајор Питер Герстен, стациониран во Багдад, изјави дека американските авиони во неколку наврати бомбардирале објекти каде што се чуваат парите ИСИС.

Ударот врз финансиите на милитантната група придонесе за 90-процентно зголемување на оние кои ја напуштаат и пад на новодојдени, рече тој.

Во 2014 година, американското Министерство за финансии ја нарече ИСИС  “најдобро-финансирана терористичка организација”.

На брифинг за новинари, генерал-мајор Герстен, заменик-командант за операции и разузнавање во коалцијата предводена од САД, изјави дека биле извршени околу 20 воздушни напади врз објекти со пари на групата.

Тој не прецизираше како САД дознале колку пари се уништени.