ОКТА нема да доставува гориво за Макпетрол

0
437

ОКТА нема да доставува гориво за Макпетрол. Поради одлуката на судот да ја замрзне сметката на Макпетрол, Окта ја стопира испораката на сите нафтени деривати кон Макпетрол.

Со ова како што јавуваат медиумите се отвора голема енергетска криза во Македонија. Училишта, болници, аеродроми, енергетски капацитети ќе останат без неопходните енергенси, доколку ваквата состојба потрае.
Во моментов на бензиските станици на Макпетрол, кои сочинуваат 60 отсто од пазарот во земјава, има залихи на нафтени деривати доволни само за наредните пет дена.