Оланд не исклучува можност од војна меѓу Русија и Турција

0
606

Претседателот на Франција Франсоа Оланд смета дека постои ризик од војна меѓу Русија и Турција поради дејствијата на Анкара во Сирија,пренесува „Интерфакс“.  

„Турција е вмешана во Сирија. Таму постои ризик од војна со Русија, токму затоа Советот за безбедност на ООН се состанува вечерва“, рече Оланд во програмата на француското радио „Франс-ентер“.

Тој потенцираше дека е потребно да се направи сѐ што е можно „за да се избегне ескалација“.

Според неговите зборови, Русија треба да остане дел од решението на сирискиот конфликт.

„Не би сакал Русија да биде исклучена од решението. Самиот патував во Москва за да му кажам на претседателот на Русија Владимир Путин дека сите ние треба заедно да работиме заради постигнување политичка транзиција“, изјави Оланд.