Оливера Наковска – Бикова петта на Светскиот Куп во Хрватска

0
163

Златната битолска параолимпијка, Оливера Наковска – Бикова го освои петтото место во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри за жени, на Светскиот куп за стрелци-инвалиди што се одржува во хрватскиот град Осјек. Таа освои 131,5 поени, а пред неа главно се пласираа ирански стрелци. Иранката Самира Ерам беше севкупен победник попладнево и го освои златниот медал. Наковска – Бикова веќе имаат обезбедно параолимписка норма.