Оливера Наковска Бикова со трет резултат се пласира во финалето во Рио

0
595

Битолчанката Оливера Наковска Бикова се пласира во финалето на 10 метри воздушен пиштол на Параолимписките игри во Рио де Жанеиро.

Нашата претставничка која важи за еден од најголемите фаворити за освојување на златниот медал, во квалификациите имаше резултат од 374 кругови и со тоа си обезбеди можност за одбрана на златниот медал.

Финалната серија во оваа дисциплина ќе се одржи денеска во 16.45 часот според Средноевропско време.