Оливера седма во финалето на Параолимпијада во Рио

0
540

Параолимписката победничка од Лондон во дисциплината стрелаштво со воздушен пиштол од платформа од 10 метри, Оливера Наковска Бикова го освои седмото место на натпреварувањето во Рио.

Наковска Бикова имаше резултат од 92,8 поени што беше седми резултат во финалето. Златниот медал го освои Саре Јаванмардидодмани од Иран со 193,4 поени, сребрениот медал го освои Олга Ковалчук од Украина, а бронзениот медал е на градите на Ајген Пеливанлар од Турција со 172,3 поени.

В недела нашата најдобра параолимпијка ќе се појави во квалификациите во стрелаштво со спортски пиштол од платформа од 25 метри.