ОН бара најмалку 200 илјади бегалци да бидат распеделени во ЕУ преку задолжителни квоти

0
1026

Високот комесар за бегалци при ОН Антонио Гутериш денеска повика 200 илјади мигранти да бидат распределени меѓу земјите членки на Европската унија преку задолжителните квоти. Според него учеството на оваа програма треба да е задолжително за сите земји од заедницата.

Лицата кои бараат заштита треба да бидат вклучени во масовната програма за утврдување на новото место со задолжително учество на сите земји членки на ЕУ.  Според првичните оценки станува збор за околу 200 илјади лица, посочи Гутериш.

– Европа денес се соочува со најголемиот притисок на бегалци во последната декада. Ситуација која бара масовни заеднички напори, невозможно да биде изведена со сегашниот фрагментиран пристап од страна на ЕУ, истакна Гутериш.

Според неговите податоци од почетокот на годината 300 илјади лица го минале Средоземното Море, а над 2.600 загинале за време на патувањето.

– Случајот е пред се, бегалска криза а не само миграциски феномен, затоа што повеќето кои пристигнуваат во Грција доаѓаат од земји каде се војува како што се Сирија, Ирак и Авганистан, рече тој.