ОН бараат итен прекин на борбите околу Алепо

0
583

Обединетите нации повикаа на итен прекин на борбите во реонот на Алепо во северна Сирија, со цел да биде доставена хуманитарна помош, а исто така и да се изврши и поправка на системите за снабдување на градот со вода и електрична енергија.

Координаторот на ОН за хуманитарни прашања во Сирија, Јакуб Хелу и регионалниот координатор за сириската криза Кевин Кенеди истакнаа дека во Алепо повеќе од два милиона луѓе се без струја и вода.

Според претставниците на ОН, секоја недела треба да има 48-часовен прекин на огнот, со цел да се дополнат хуманитарните резерви и да се достават лекови во градот.