ОНА повторно се заканува

0
290

Таканаречената ОНА преку писмено соопштение побара ослободување на затворениците на ОНА кои се уапсени во, како што велат, политички монтирани процеси. Во соопштението тие упатија закани до премиерот Никола Груевски, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и како што пишува, сите оние што помагаат против албанскиот народ имале причина да се плашат за нивната и безбедноста на нивните деца од единиците на ОНА кои биле способни за реализација на задачи во секој град од Македонија.

„Со одлука на главниот штаб на ОНА е извршена акција на специјалната единица на ОНА во гнездото на злосторствата над албанското население во МВР и околината, испукани се 12 гранати како продолжение на нападот од 27.09.2015 над инспекторот Ариф Асани – предавник на албанскиот народ. Бараме ослободување на затворениците на ОНА кои се уапсени со политички монтирани процеси од 2003 година, па се’ до последниот трагичен настан во населбата на јунаците (Диво насеље) во Куманово. Проценувајќи ја ситуацијата, зголемена е подготвеноста на сите единици на терен за да се стават во одбрана на албанскиот народ од секаков напад кој им се врши. Нашите напади ќе се пренесат во територии населени со славомакедонци“, стои во соопштението потпишано од извесен командант Куштрими.

Без коментари

LEAVE A REPLY