Опасност од дополнителни поплави во Луизијана

0
264

Претседателот Барак Обама прогласи вонредна состојба за областа, со што оваа сојузна држава почна да добива федерална помош.

Иако во Луизијана престанаа поројните дождови што предизвикаа големи поплави, метеоролозите и гувернерот Џон Едвардс, го предупредија населението да остане претпазливо заради можноста вода да надојде од околните реки.

Едвардс кажа дека во јужниот дел на сојузната држава биле спасени преку 20.000 лица, а преку 10.000 се во засолништа.

Претседателот Барак Обама прогласи вонредна состојба за областа, со што Луизијана веќе почна да добива федерална помош. Во поплавите загинаа најмалку четири лица.