ОПЕК го одложи укинувањето на квотите за производство на нафта

0
374

Откако вчера Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) објави зголемување на квотите за нафта, таа се премисли и изјави дека тие ќе останат на претходното ниво. Ова стана јасно од изјавата на нигерискиот министер за нафта по средбата на организацијата во Виена, пренесуваат светските медиуми.

Генералниот секретар на ОПЕК Абдула ал-Бадри изјави дека организацијата го одложила воведувањето на ново ниво на квотите за следната седница на 2 јуни 2016 година во Виена.

“Ние не можеме да дадеме бројки во однос на квотите. Не знаеме кога Иран ќе излезе на пазарот. Одлучивме да ја одложиме одлуката за следната седница. Ние го проценивме обемот на понудата и побарувачката, зборувавме за економската ситуација и заклучивме дека ситуацијата е нејасно” најави Бадри.

Од декември 2011 година ОПЕК ги држи квотите за производство на 30 милиони барели дневно, иако во реалноста во последната година и половина вредноста на екстракцијата е поголема. Според различни проценки производството варира помеѓу 31,3 и 31, 7 милиони барели дневно.

Претходно Bloomberg, повикувајќи се на делегат од средбата, најави дека изненадувачки ОПЕК ги крева квотите на 31,5 милиони барели, што не го вклучува производство во Индонезија.

ОПЕК ги потресе цените на нафтата пред една година, кога одлучи да ги остави непроменети квотите за производство, продолжувајќи да пумпа над резервите на нафта на пазарот, во обид да ги натера своите конкуренти да го намалат своето присуство на пазарот.

Саудиска Арабија, најголемиот производител и архитект на сегашната политика на групата, остана против скратување на производството, освен ако страните надвор од групата постигнат согласност. Политиката на ОПЕК „исцеди“ приход за своите членови, чии комбинирани годишни приходи може да паднат до 550 милијарди долари од просечно 1 трилион долари во последните пет години, соопшти Меѓународната агенција за енергетика.

Без коментари

LEAVE A REPLY