Операција на ЕУ против шверцерите на мигранти

0
435

ЕУ почна операција за откривање на бродови во јужниот Медитеран, што се користат за шверцување мигранти. Во операцијата, наречена „Софија“, учествуваат воени бродови од неколку земји членки на ЕУ, кои имаа задача да ги откријат и запленат бродовите за кои постои сомневање дека се користат за илегално префрлање мигранти од брегот на Северна Африка, најчесто од Либија, кон европското копно.

Ова е првпат воена флота на земјите од ЕУ да се вклучи во една ваква поморска операција. ЕУ досега учествуваше само во операции на надгледување на шверцерските бродови и чамци, како и во спасувањето на мигрантите.