Опожарени две возила во Скопје, едното сопственост на познат бизнисмен

0
1744

Триесетина минути по полноќ, опожарени биле две возила на паркинг-простор на улицата „Видое Смилевски Бато“ во скопската населба Аеродром.

Запалено било возило „гранд чироки“ со скопски регистарски таблички, сопственост на Г.Д. (39). Запалено било уште едно возило, најверојатно како последица на пожарот на џипот, „фиат уно“ со скопски регистарски таблички, сопственост на А.М. (33).

Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.

Неофицијално, се работи за џип на познат скопски угостител, сопственик на синџир ресторани за брза храна. Според сведоци, сопственикот се сомнева на лица што веќе подолго време му се заканувале и барале рекет од него.